Актуелно

Новости

Семинар на тема: „Примена на дигитални содржини во наставата по англиски јазик во I, II, III, IV и V одделение“.

Бирото за развој на образованието, во соработка со Британскиот совет во Македонија, организира еднодневен семинар со сите наставници по англиски јазик од основните училишта во Република Македонија кои реализираат настава од I-во (прво) до V-то (петто) одделение во основното образование.

Официјална работна посета на консултанти од Кембриџ Англија

Тим од консултанти, специјалисти за одредени предметни подрачја од Кембриџ, Англија реализира официјална работна посета на Република Македонија во периодот од 22-26 април 2013 година.

Обуки за наставниот кадар во средните училишта во Република Македонија

Бирото за развој на образованието организира задолжителни обуки за наставниот кадар во средните училишта во Р. Македонија на тема „Современи методи во наставата, активно вклучување на учениците и поттикнување на нивната креативност“. Обуките ќе ги реализираат акредитирани понудувачи на обука и услуги во период јануари - март 2013 година. Во прилог е распоредот на училиштата по региони.

Семинар за снимање на добри практики

 

Во период од 29.11-01.12 2012 година се одржа семинар за снимање на добри практики од програмата Јазично описменување и Математика со размислување во почетните одделенија, во хотел Климетица - Охрид. На семинарот учествуваа претставници од основните училишта на територијата на Р. Македонија.

 

Семинар на тема: „Континуирано усовршување на наставниците по физичко образование, основа за професионално напредување“

 

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, во соработка со Агенцијата за млади и спорт, Факултетот за физичка култура и Федерацијата на училишен спорт на Македонија, организираа семинари на тема „Континуирано усовршување на наставниците по физичко образование, основа за професионално напредување“.

 

Семинари за образование за животни вештини

 

Во период од 23-25.09 2012 година се одржаа семинари од програмата за Образование за животни вештини во хотел Климетица - Охрид. На семинарите учествуваа по двајца претставници од средните училишта од регионот на Западна Македонија.

 

 
 
2017 © Copyright Биро за развој на образованието