» Концепција за воннаставни активности во основното образование

Концепција за воннаставни активности во основното образование

Тргнувајќи од значењето на воннаставните активности за подобрување на квалитетот на образованието, односно за целосниот развој на ученикот, Бирото за развој на образованието во соработка со Детската Фондација „Песталоци“ спроведе истражување за актуелните состојби околу организацијата и реализацијата на воннаставните активности во училиштата во нашава држава. Врз основа на член 41 став 1 од Законот за основно образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 161/19) и врз основа на наодите од истражувањето, искуствата од другите земји, актуелните практики со воннаставните активности во нашите училишта, како и врз приоритетите предвидени во Стратегијата за образование 2018-2025 година, се наметна потребата од изготвување на Концепција за воннаставни активности во основните училишта.

Планирањето, организирањето и спроведувањето на воннаставните активности во училиштата за учебната 2020/2021 година треба да се водат според начелата/принципи, целите дефинирани во Концепција за воннаставни активности во основното образование, што е утврдена од министерот за образование и наука со решение број 12-2897/2 од 5.3.2020 година.