РЕЗУЛТАТИ ОД ЛИКОВНИОТ КОНКУРС ЗА ДЕЦАТА ОД ДЕТСКИТЕ ГРАДИНКИ И ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА – 2024

Во Клубот на органите на управата во Скопје беа прогласени наградените учесници на Ликовниот конкурс за децата од детските градинки и за учениците од основните и средните училишта што го организираше Бирото за развој на образованието по повод 15 март Светскиот ден на правата на потрошувачите, под мотото за 2024 година „Справување со загадувањето од пластика“, а како дел од активностите од националната Програма за заштита на потрошувачите, изработена согласно Законот за заштита на потрошувачите.

На настанот организиран од страна на Министерството за економија беше потенцирано дека загадувањето од пластика е сериозен глобален проблем што негативно влијае не само на животната средина туку и на социјалната, економската и здравствената димензија на одржливиот развој. Оттаму, неопходно е од најмала возраст да се стекнат знаења, вештини и ставови за правилен и сигурен избор на производи и услуги.

Ликовниот конкурс беше организиран во 4 (четири) категории:

 

  1. Тема: МОЈОТ СВЕТ БЕЗ ПЛАСТИЧЕН СМЕТ

Право на учество имаа сите деца корисници на услугите на јавна установа детска градинка, на возраст од 4-6 години.

Пристигнаа вкупно 93 ликовни творби од 32 детски градинки во земјава.

 

  1. Тема: „ПЛАСТИЧНОТО ШИШЕ ЗАГАДУВА АКО НЕ СЕ ПРЕРАБОТУВА“

Право на учество имаа сите ученици во основното образование (одделенска настава) – од I (прво) до V (петто) одделение.

Пристигнаа вкупно 75 ликовни творби од вкупно 32 основни училишта во земјава.

 

  1. Тема: БЕЗ ПЛАСТИЧНА КЕСА ЗНАЈ, ЌЕ БИДЕ ПОЧИСТ ТВОЈОТ КРАЈ

Право на учество имаат сите за ученици во основното образование (предметна настава) – од VI (шесто) до IX (деветто) одделение.

Пристигнаа вкупно 148 ликовни творби од 58 основни училишта во земјава.

 

  1. Тема: ПЛАСТИЧЕН ОТПАД – ОДРЖЛИВАТА ПОТРОШУВАЧКА“

Право на учество имаат сите ученици во средното образование – од I (прва) до IV (четврта) година.

Пристигнаа 34 ликовни творби од 16 средни училишта во земјава.

 

Доделени се прво, второ и трето место по категорија одделно.

 

На следниот линк се наградените учесници на Ликовниот конкурс.