Работилница за воспитувачи на тема „Детски играчки – здравјето и безбедноста на децата“

На 20 ноември 2023 година Меѓународниот ден на детето во простприите на ЈУОД Градинка „Орце Николов“, објект „Бисерчиња“ во Скопје се одржа работилница за воспитувачи од детските градинки во Скопје на тема „Детски играчки – здравјето и безбедноста на децата“. Работилницата е дел од планираните активности на Бирото за развој на образованието во Програмата за заштита на потрошувачите за 2023 година („Службен весник на РСМ“ бр. 120/23), донесена од Владата на Република Северна Македонија, изработена согласно Законот за заштита на потрошувачите („Службен весник на РСМ бр. 236/22).

На учесниците на работилницата им се обрати директорот на Бирото за развој на образованието г-дин Абдулфета Фетаи кој ја истакна важноста и потребата потрошувачите да се информираат и да се стекнат со знаења и ресурси што им се потребни за да донесат информирани одлуки.

Во рамки на работилницата воспитувачите се запознаа со правата на потрошувачите коишто се загарантирани со Закон, како и за постапката за остварување на заштитата на правата на потрошувачите. На работилницата особено се стави акцент на производите наменети за децата – детските играчи, односно за користењето на играчките во едукативниот процес, но и за правилниот избор на детска играчка која што не ја загрозува безбедноста и здравјето на децата.

Воспитувачите што учествуваа на работилницата ќе добијат сертификат за следење и учество на работилницата „Детски играчки – здравјето и безбедноста на децата“.