Свеченост

На 2 март 2023 година во просториите на Бирото за развој на образованието се одржа пригодна свеченост на која симболично се доделуваа благодарници/плакети на 27 поранешни вработени на Бирото, кои се пензионирале во периодот 2018-2022 година. На свеченоста им се обрати директорот Зеќирија Хасипи кој им се заблагодари за нивниот особен придонес во работата на Бирото, развојот на образованието во државата и давањето несебична советодавна стручна поддршка на наставниците и наставата.