» МИСИЈА И ВИЗИЈА

Мисија и визија

Бирото за развој на образованието се залага за унапредување и усовршување на наставата и учењето преку развивање нови наставни планови и програми, развојни истражувања, советувања и обука на воспитно-образовниот кадар и вреднување на постигањата на учениците, публикување на прирачници, списанија и други дидактички материјали за поддршка на наставата со цел да се подобрува предучилишното, основното и гимназиското образование, образованието на децата со посебни образовни потреби, возрасните, како и за децата на граѓаните на Република Македонија во странство за учење на мајчиниот јазик и култура.

Визијата на Бирото за развој на образованието е квалитетно образование и воспитание на младите генерации и нивно вклучување во севкупниот развој на македонското општество.