Заложба за зајакнување на знаењата и компетенциите од областа на социјалното и емоционалното учење и развој во раното детство

На 28.12.2022 година беше потпишана Заложба за зајакнување на знаењата и компетенциите од областа на социјалното и емоционалното учење и развој во раното детство кај воспитувачите, одделенските наставници и стручни соработници според моделот на учење во текот на целиот животен циклус, од страна на: директорот на Бирото за развој на образованието, г. Зеќирија Хасипи, деканот на Филозофски факултет прф.д-р Ратко Дуев, министерот за образование и наука доц.д-р Јетон Шаќири и министерката за труд и социјална политика м-р Јованка Тренчевска.

Заложбата е во насока на поддршка и истакнување на важнста од вложувањето во социјалното и емоционалното учење кое треба да започне од предучилишниот период и да се гради постојано низ процесот на образованието. Заложбата е потпишана како гаранција за одржливост за што се планираат и конкретни активности.

Заложбата е производ на летната школа „Социјално и емоционално учење во раното детство“ одржана на Филозофскиот факултет во Скопје, а поддржана од канцеларијата на УНИЦЕФ.