Актуелно

Новости

Работилници за адаптација на новите наставни програми по предметите математика, биологија, хемија и физика од Меѓународниот центар за испити од Кембриџ (Cambridge International Examinations) за прва и втора година средно образование

Во периодот од 28.11.2016 до 30.11.2016 година се реализираа работилници за адаптација на новите наставни програми по предметите математика, биологија, хемија и физика за средно образование.

Обука за одделенските наставници коишто во учебната 2016/2017 година реализираат настава по предметот физичко и здравствено образование во IV и V одделение на основното образование

На 5-ти, 6-ти и 7-ми декември 2016 година се реализираат еднодневни обуки со наставниците од одделенската настава коишто реализираат настава по наставниот предмет физичко и здравствено образование во четврто и петто одделение на деветгодишното основно образование.

Обука за одделенските наставници кои реализираат настава по предметот работа со компјутер и основи на програмирање во IV одделение на основното образование

Во месец октомври се реализираат еднодневни обуки со наставниците од одделенска настава кои во учебната 2016/2017 година реализираат настава по наставниот предмет работа со компјутер и основи на програмирање во IV (четврто) одделение на основното образование.

Дисеминација на обуката на тема: „Користење на интерактивни современи методи и техники во наставата за средно образование"

Во втората половина на август и во септември Бирото за развој на образованието продолжува со дисеминација на обуката на тема: „Користење на интерактивни-современи методи и техники во наставата за средно образование“ којашто беше реализирана во соработка со Универзитетскиот колеџ, Лондон (Institute of Education of University College London), Велика Британија.

Обуки за предметните наставници коишто во учебната 2016/2017 година ќе изведуваат настава по математика, физика, хемија и биологија во VII, VIII и IX одделение

Во јуни и втората половина на август 2016 година Бирото за развој на образованието организира дводневни обуки за предметните наставници коишто во учебната 2016/2017 година ќе изведуваат настава по наставниот предмет математика и по наставните предмети од природните науки биологија, физика и хемија во VII, VIII и IX одделение согласно новиот наставен план за деветгод

Семинари за одделенските наставници коишто во учебната 2016/2017 година ќе предаваат математика во IV и V одделение

Од 16 до 30 мај Бирото за развој на образованието во соработка со Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ од Скопје, Педагошкиот факултет „Св.

 
 
2017 © Copyright Биро за развој на образованието