Актуелно

Втора обука од проектот „Оценување за учење“ од програмата Еразмус +, К2

Од 3 до 7 јули 2017 година во просториите на СУГС „Орце Николов“ во Скопје се реализира втората обука за советниците во Бирото за развој на образованието во рамките на проектот „Оценување за учење: Поставување и употреба на критериуми за успех по математика и природни науки, за часовите во основно образование“ од програмата Еразмус +, КА2, којшто Бирото го спроведува во соработка со своите партнери University of Cambridge Local Examination Syndicate (UCLES), Велика Британија, и Strichting Aflatoun International (Aflatoun), Холандија.

 

На обуката беа дефинирани алатките за формативно оценување според критериумите за успех на часовите по наставните предмети математика и природни науки, биологија, физика и хемија на деветгодишното основно образование.

 

 
2017 © Copyright Биро за развој на образованието