На 26 и 27 август 2025 година, Бирото за развој на образованието организираше обуки на тема „Планирање и реализација на наставата според новите наставни програми за прва година гимназиско образование“. Со овие обуки беа опфатени сите наставници од гимназиските училишта во државата кои во учебната 2025/2026 година ќе ја реализираат наставата според новите наставни програми. Домаќини на овој значаен настан беа средните училишта СГГУГС „Здравко Цветковски“ и СУГС „Георги Димитров“ од Скопје. За поддршка на наставниците и полесна подготовка за новата учебна година, Бирото обезбеди материјали кои произлегуваат од самите обуки и кои ќе им помогнат во нивната секојдневна работа. Наставниците имаат на располагање:
– Наставни програми за прва година гимназиско образование (Word формат),
– Обрасци за Планирање на реализацијата на наставната програма,
– Обрасци за Планирање на реализацијата на наставната програма – Туркси јазик,
– Обрасци за Планирање на часовите,
– Обрасци за Планирање на часовите – Туркси јазик,
– Примери за Планирање на часовите по сите наставни предмети во прва година гимназиско образование.
– Примери за Планирање на часовите по сите наставни предмети во прва година гимназиско образование. – Туркси јазик,
Бирото за развој на образованието ќе ја следи реализацијата на наставата и ќе обезбедува континуирана поддршка за наставниците. Доколку се појават предизвици или проблеми при планирањето и реализацијата, наставниците можат да се обратат до советниците на Бирото, кои ќе им помогнат со соодветни насоки и поддршка