Семинар за наставници во Истанбул, Република Туркије на тема: „Иновативен развој во образованието“

Во периодот од 21 до 29 јуни во Истанбул, Република Туркије се одржа Семинар за професионален развој на наставниците од Република С. Македонија на тема „Иновативен развој во образованието“ на кој присуствуваа и советниците од Бирото за развој на образованието.

Семинарот беше во организација на Министерството за национално образование од Република Туркије. Учесниците имаа можност да следат повеќе предавања и обуки на различни теми поврзани со образованието, мотивацијата на наставникот, етиката во наставата, управување со време и развојот на цивилизацијата и науката. На семинарот беа опфатени и теоретски предавања, практични обуки, како и посети на образовни институции.