Директорката на Бирото за развој на образованието присуствуваше на свеченото отворање на Саемот на книгата со инспиративно обраќање и поддршка на оваа значајна културна манифестација. Со слоганот „Храна за душа“ и оваа година се слави моќта на пишаниот збор и љубовта кон книгата. На настанот свои обраќања имаа и српскиот и македонскиот министер за култура и претседателката Гордана Силјановска Давкова.