» ОБУКА НА НАСТАВНИЦИТЕ ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ЗА ПЛАНИРАЊЕ И РЕАЛИЗАЦИЈА НА НАСТАВАТА СОГЛАСНО НОВИТЕ НАСТАВНИ ПРОГРАМИ ЗА 7. ОДДЕЛЕНИЕ

ОБУКА НА НАСТАВНИЦИТЕ ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ЗА ПЛАНИРАЊЕ И РЕАЛИЗАЦИЈА НА НАСТАВАТА СОГЛАСНО НОВИТЕ НАСТАВНИ ПРОГРАМИ ЗА 7. ОДДЕЛЕНИЕ

Во текот на месец јуни и почетокот на јули Бирото за развој на образованието реализира обуки на наставниците од основното образование за Планирање и реализација на наставата согласно новите наставни програми за 7. одделение.

Со обуките се опфатени наставниците од сите основни училишта во државата кои во учебната 2025/26 година ќе реализираат настава во 7. одделение. Советниците при Бирото за секој наставен предмет одделно одржуваат обуки за планирање и реализирање на наставата согласно соодветната наставна програма, со особен акцент на сите новини што се однесуваат на концептот на наставните програми, планирањето на наставата и современите пристапи и методи на реализација на наставата согласно Концепцијата за основно образование.

Бирото за развој на образованието изразува задоволство од интересот и присуството на обуките, како и благодарност до училиштата и наставниците за поддршката во спроведувањето на реформите во основното образование.

Советниците при Бирото за развој на образованието и понатаму ќе продолжат со давање стручна и советодавна помош и поддршка на наставниците.