СЕМИНАР ЗА НАСТАВНИЦИ на тема „Иновативен развој во образованието“

Во периодот од 25 до 29 август во Тетово,  се одржа Семинар за професионален развој на наставници од нашата земја на тема „Иновативен развој во образованието“ на кој присуствуваа и советници од Бирото за развој на образованието.

Семинарот беше во организација на Министерството за национално образование од Република Туркије. Учесниците имаа можност да следат повеќе предавања и обуки на различни теми поврзани со образованието,психолошка отпорност на наставникот, мотивацијата на учениците преку процеси во потсвеста, етиката во наставата, ефективно управување со училницата, ученици од новата генерација, современи наставни пристапи и сл. од страна на реномирани професори од Република Туркије. На семинарот беа опфатени  теоретски предавања и практични обуки.На крај беа доделени сертификати на учесниците.