На 10 септември 2025 година, во Велес, директорката на Бирото за развој на образованието, м-р Милка Тримчевска се обрати на настанот посветен на проектот „Квалитетно образование за сите – Северна Македонија“, имплементиран од Советот на Европа со поддршка на Владата на СР Германија, а во соработка со министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието.
На настанота беше воспоставена мрежа на демократски и инклузивни училишта, со цел размена на добри практики и одржлив развој на демократската култура во училиштата.
Во своето обраќање, директорката ја истакна посветеноста на Бирото во поддршката на вакви иницијативи, со јасна цел – квалитетно образование за сите ученици.