Испити и оценувања

 

Национално оценување во основното образование

Националното оценување во основното образование е вид на екстерно мерење на постигањата на учениците по одделни предмети на крајот на  одделенска и на предметна настава. Се спроведува на примерок на ученици и училишта и насочено е кон мерење на постигањата на ниво на држава, а не кон постигањата на поединечни ученици. Мерењата се повторуваат циклично (на секои 4-5 години) и на тој начин се следат промените во постигањата на учениците на ниво на држава.

Основна цел е да обезбеди валидни и веродостојни податоци за постигањата на учениците на крајот на одделни образовни циклуси на ниво на држава што ќе се користат како индикатор за квалитетот на образовниот систем и коишто образовната администрација и стружните институции ќе ги користат за планирање на образовната политика, а училиштата и наставниците за подобрување на наставата и учењето.

Врз основа на националните оценувања се изготвуваат:
 
извештаи за постигањата на учениците
  стандарди за постигања по одделни предмети
  база на тест задачи користени во мерењата на постигањата
 
публикации

До сега се спроведени или се во тек националните оценувања:

2001 година
македонски јазик крајот на одделенската настава
албански јазик крајот на одделенската настава  
математика на крајот на одделенската настава

2003 година
граѓанско образование крајот на одделенската настава

2006 година
македонски јазик на крајот на осмо одделение
албански јазик на крајот на осмо одделение
математика на крајот на осмо одделение
природа на крај на четврто одделение
општество на крај на четврто одделение

2007 година
македонски јазик на крај на четврто одделение
албански јазик на крај на четврто одделение

PDF документи:
 

 

 

 



 
 
2006 (c) - Биро за развој на образованието