|
Република Македонија е
вклучена во две меѓународни студии ТИМСС и ПИРЛС , со кои се мерат
напредокот во оспособеноста за читање на крајот од одделенската настава
( ПИРЛС) и постигањата по математика и природната група на предмети на
крајот од основното образование ( ТИМСС). Бирото за развој на
образованието е член на Меѓународната асоцијација за евалвација на
образовните постигања (ИЕА) , која е организатор на студиите ТИМСС и
ПИРЛС.
Меѓународните студии омозможија добивање бројни податоци за образовните
системи , наставните програми, наставниот процес, постигањата на
учениците, работата на наставниците, како и споредување на постигањата
на учениците на меѓународно ниво. Поконкретно , се добиваат податоци за
состојби и одговори на прашања меѓу кои :
какво
е нивото на постигањата на учениците во Република Македонија и каде е
местото на Република Македонија во меѓународни рамки;
каков
е наставниот процес, подготовката на наставниците и нивниот
професионален развојкај нас и во другите држави учеснички во студиите ;
какво е институционалното организирање на воспитно- образовната работа во
образовните системи различни од нашиот.
Податоците
добиени од меѓународните студии ќе се користат за понатамошен развој и
осовременување на образовниот систем, односно воспитно-образовниот
процес во Република Македонија.
|