Актуелно

Обуки за имплементација на адаптираните наставни програми по математика, биологија, хемија и физика од Кембриџ за средно образование во Република Македонија

Од учебната 2017/18 година во средното образование во Република Македонија се воведуваат адаптирани наставни програми од Cambridge International Examinations по предметите математика, биологија, физика и хемија.

 

Наставните програми по наведените наставни предмети експертите од Кембриџ ги развија согласно меѓународниот општ сертификат за средно образование од Кембриџ (Cambridge IGCSE - International General Certificate of Secondary Education). Тој е најпозната меѓународна квалификација за ученици од 14 до 16 години во светот.

 

За успешна имплементација на наставните програми во училиштата експерти од Cambridge International Examinations вршат обука на советниците од Бирото за развој на образованието и наставници од средните училишта кои се јавија на повикот на Бирото за дисемениција на обуки за имплементирање на новите наставни програми.

 

Обуките за обучувачите се реализраат во периодот 24-28 април во Скопје, а обуките за сите наставници кои реализираат настава по наведените предмети во средното образование во прва година ќе се реалзираат во јуни и август.

 

 
2017 © Copyright Биро за развој на образованието