Актуелно

Новости

Работилници за адаптирање на наставните програми на Кембриџ по предметите природни науки и математика од IV до VI одделение

Во периодот од 16.12.2014 до 19.12.2014 година во просториите на Бирото за развој на образованието во Скопје се одржаа работилници за адаптирање на наставните програми на Кембриџ по предметите природни науки и математика за четврто, петто и шесто одделение основно образование.

 

Стручно советодавни средби со наставниците од основните училишта коишто имаат најголеми отстапувања во добиените показатели од интерното и екстерното проверување

Бирото за развој на образованието во декември реализира стручни советодавни средби со наставниците од сите основни училишта во Република Македонија, коишто имаат најголеми отстапувања во добиените показатели од интерното и екстерното проверување на постигањата на успехот на учениците во основното образование.

 

Стручно советодавни средби со наставниците од средните училишта коишто имаат најголеми отстапувања во добиените показатели од екстерното проверување

Бирото за развој на образованието во периодот на месец ноември реализира стручни советодавни средби со наставниците од сите средни училишта во Републиката коишто имаат најголеми отстапувања во добиените показатели од екстерното проверување на постигањата на успехот на учениците во средното образование.

 

Средби со наставници од основните училишта коишто го предаваат предметот иновации

Бирото за развој на образованието од 26 септември до 1 октомври 2014 година оствари средби со 570 наставници од 336 основни училишта во Република Македонија коишто го предаваат предметот иновации во деветто одделение на деветгодишното основно образование.

Обуки за просветните инспектори

Од 15 – 17 септември во Скопје, Струга и Кавадарци се одржаа обуки за просветните инспектори од страна на советниците на Бирото за развој на образованието за новите наставни програми по математика и природни науки за учениците од прво до трето одделение.

Новини во гимназиското образование во учебната 2014/2015 година

Од оваа учебна 2014/2015 година направени се измени во наставниот план на гимназиското образование во природно-математичкото подрачје-комбинација А.

 
 
2017 © Copyright Биро за развој на образованието