 |
Организација
Бирото за развој на образованието е орган на управа во состав на
Министерството за образование и наука со својство на правно лице
и врши стручни работи од значење за развојот и унапредувањето на
воспитанието и образованието во Република Македонија.
Внатрешната организацијана на Бирото се уредува согласно
неговите надлежности, развиеноста на мрежата на училиштата, како
и јазикот на којшто се изведува наставата. Седиштето на Бирото е
во Скопје.
За извршување на работите од надлежност на Бирото надвор од
седиштето, особено за вршење на советодавната стручна работа и
инструктивно-менторската работа на воспитно-образовниот и
раководни¬от кадар формирани се организациони единици во Битола,
Велес, Гостивар, Кавадарци, Кочани, Куманово, Охрид, Прилеп,
Струмица, Тетово и Штип.
|
 |
Дејност
Дејноста на Бирото за развој на образованието опфаќа компоненти
со кои се одредуваат целта и содржината на воспитно-образовната
работа во областа на предучилишното, основното, гимназиското,
средното стручно и постсредното образование, образованието на
децата со посебни образовни потреби, образованието на возрасните,
ученичките домови, како и за образованието на децата и граѓаните
на Република Македонија во странство за учење на мајчиниот јазик
и култура.
|
 |
|
|
 |
|
 |
|