Актуелно

Нови наставни програми во средно образование

Од учебната 2011/12 година во средното образование (гимназиско образование, уметничко образование и средно стручно образование) во делот на општо образовните предмети во прва година се воведува нова наставна програма по информатика. Во месец септември Бирото за развој на образованието ќе организира обуки со наставниците кои изведуваат настава по информатика за успешно реализирање на програмата. Семинарот за наставниците од средните училишта од Скопје, Куманово, Кратово, Крива Паланка и Дебар ќе се одржи на 06/09/2011 со почеток во 11:00 часот во СУГС Здравко Цветковски во Скопје. За наставниците од останатите училишта ќе бидат навремено информирани.

Исто така од оваа учебна година се воведува програмта образование за животни вештини. Програмата ќе се реализира на часот на класната заедница со учениците од прва до четврта година во сите видови средно образование (гимназиско образование, уметничко образование и средно стручно образование.

Бирото за развој на образованието во месец септември ќе организира обука на претставници од сите средни училишта за реализација на програмта. Училиштата ќе бидат навремено информирани за датата и местото на одржување на семинарите.

 
2014 © Copyright Биро за развој на образованието